Градоначалничката на Тетово Теута Арифи одговарајќи на новинарско прашање рече дека сите преживеани во вчерашниот пожар во Тетово се во стабилна здравствена состојба.
Во моментот информирани сме дека тие се во стабилна состојба. Во меѓувреме ќе одржиме уште еден состанок во кој дополнително ќе бидеме информирани за секој пациент посебно, рече Тетово, додавајќи дека сите пациенти се хоспитализирани во тетовската болница.
Министерството за здравство претходно соопшти дека во моментот на пожарот имало вкупно 26 пациенти и оти 12 го преживеале пожарот и се надвор од животна опасност. Во пожарот нема настрадани здравствени работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.