Градоначалничката на Тетово , Теута Арифи по состанокот на Кризниот штаб изјави дека нема да се даваат изјави, ниту детали за трагедијата, се додека не се добијат попрецизни информации по завршувањето на истрагата.

Од истите причини и премиерот Зоран Заев ја напушти зградата на Општина Тетово без изјава. Се очекуваат повеќе детали за несреќата во текот на ноќта или утрешниот ден.

Претходно министерот Филипче објави на Твитер дека во експлозијата и пожарот во модуларната болница загинале 10 лица, но дека тој број може да се зголеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.