Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова денеска се сретна со претседателот и членовите на Управниот одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

На средбата, како што соопшти тимот на Силјановска Давкова, се разговарало за учеството на стручната јавност во донесување законски решенија и регулативи, пред се на Законот за градење и Законот за просторно и урбано планирање, како и за вклучување на граѓаните во процесите и нивно поставување како одлучувачки фактор.

Разговаравме за учеството на стручната јавност во донесувањето законски решенија и регулативи, пред сè, на Законот за градењето и Законот за просторното и урбаното планирање, но и за вклучување на граѓаните во процесите и нивно поставување како одлучувачки фактор, посочи Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова на средбата појасни дека граѓаните се оние што секогаш треба да го имаат последниот збор. ААМ е исто така и организатор на големата годишна награда за архитектура, чии покровител е ПРМ, соработката во тој поглед треба да продолжи доколку биде избрана за претседател на државата.

На самиот крај заклучивме дека средби од ваков тип се неопходни и во иднина треба да бидат сè почести затоа што мојата цел секогаш ќе биде актуализација и потенцирање на реалните и секојдневните проблеми на граѓаните, истакна Силјановска-Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.