Пратеникот Арбр Адеми е нов координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, по оставката на Изет Меџити од оваа позиција.

Како што потврдија за МИА извори од ДУИ, поранешниот министер за образование е избран со потписи од сите пратеници од парламентарната група на ДУИ. Извори од ДУИ велат дека потис ставил и поранешниот координатор Изет Меџити и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Арбер Адеми е и претседател на собраниската Комисија за европски прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.