Во попладневното продолжение на собраниската расправа за избор на новата влада, Скендер Реџепи од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива од говорницата посочи дека предложените министри од редовите на ДУИ нема да придонесат за зголемување на стандардот на Абанците во земјата.
ДУИ имаше 20 години министри во клучни ресори, но тие не направија ништо за Албанците, рече Реџепи.
Арбр Адеми од ДУИ му реплицираше на Реџепи, истакнувајќи дека треба да запре ваков говор на омраза, и оти граѓаните го кажале својот збор на предвремените избори.
ДУИ, рече Адеми, секогаш пишувале историја, за прват имаме претседател на Собрание, ќе имаме и претседател на влада и сето тоа е во насока на толеранција меѓу етничките заедници и оти нема цел која е неостварлива за Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.