Пратеникот Арбен Зибери, кој гласаше на синоќешната собраниска седница од посебна просторија за новата влада, дошол во парламентот само за чинот на гласањето.

Како што велат од Собранието, до ваквата ситуација дошло поради поради ситуацијата со Ковид-19 и протоколите пропишани од здравствените власти.

Според објаснувањето од Собранието, Зибери воопшто не бил на седницата на којашто се дискутираше за избор на новата влада.

Тој не се чуствувал добро, но пратеникот не бил ниту изолиран, ниту тестиран за Ковид-19. Сепак, поради тоа што лично не се чуствувал добро, Зибери од колегијален аспект го информирал претседателот на Собранието Талат Џафери за тоа.

Претседателот на Собранието според протоколот на здраствената комисија што ни беше доставен преку препораките (во случај некој и да се двоуми, односно субјективно да сугерира дека не се чувствува добро), Собранието да биде подготвено со посебна просторија за гласање – појаснуваат од македонскиот парламент.

Од таму додаваат дека на горниот кат постои кабината за превод определена за таа намена, која била дезифицирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.