Имавме забелешки во договорот на Заев и Гаши, точките беа недоречени, општи, некои беа конфузни, изјави за Канал5, Горан Милевски, министер за локална самоуправа и претседател на ЛДП во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Она што пример ние реагиравме е таму склучиле договор за нов закон за рамномерен регионален развој. Законот сум го донел јас пред месеци и не мислам дека е лош закон, во Собранието освен што пратеникот Снопче што реагираше – истакна Милевски.

Милевски додаде дека сега да се прави нов закон за Липковски регион е бесмислено бидејќи нема закон во кој што некој регион од земјава е изоставен.

Секој плански регион има региони кои што се помалку развиени од останатите. Ние можеме да дискутираме за промена на методологијата за степенот на развиеност на планските региони, дали е таа реална и миродавна, меѓутоа тоа законот не го регулира, тоа се регулира со одлука на Влада. Ние чекаме резултатите од пописот како министерство за да направиме нова методологија и да внесеме внатре нови критериуми. Бидејќи ова е сензитивна тема и меѓуетничка, сепак тоа се оди со еден поширок консензус помеѓу сите политички чинители – рече Милевски.

Милевски посочи дека законот кој што бил донесе пред пет месеци е законот бил со европско знаменце и е усогласен со сите посебни европски директиви што значи дека оваа област е регулирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.