Екстрадицијата на косовскиот државјанин, поранешен припадник на УЧК, Томор Морина кој беше уапсен на граничниот премин Блаце врз основа на потерница од српскиот суд ги влоши и онака наелектризираните однси меѓу владејачките коалициони партнери СДСМ и Дуи. На денешната седница во Собранието, каде на дневен ред се пратенички прашања, координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, со остра критика до премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Тој на денешната седница на која се поставуваат пратенички прашања го спореди Заев со Милошевиќ.
Истакна дека се срами што гласал за конституирање на актуелната Влада.
-Јас сум иритиран од последниот случај кој што се случи, кога беше приведен бивш воијник на УЧК и колку нашата држава го почитува меѓународното право. На барање на Србија се бара еден граѓанин на Косово и со самиот факт што тој не е граѓанин на Србија, а ние го признавме Косово, покажува дека министерството за внатрешни не ги почитува сите правни норми во нашата земја. До кога вака. Доколку се оди со вакви практики да се приведува за секое барање кое го направила соседната држава за сите војни кои се случиле во 90-тите години и кои што нашата земја примила над милион избеглицили и трошела средства. Доколку сите сме фокусирани дека нашата земја ќе оди кон ЕУ и НАТО, со овие праткики се враќаме во 1999-та година и барањата на Милошевиќ, тие не се веќе во сила. Би ве замолил да превземете мерки додека не е доцна, вели Алими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.