Апликацијата „Стоп Корона“ од денеска и официјално е достапна на мобилните уреди. Станува збор за мобилна апликација наменета за откривање на близок контакт на потенцијално заразени лица, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Изработена е според најдобрите светски практики. Апликацијата е значајна бидејќи ќе даде брз одговор на здравствените експерти со кои лица бил заразениот во последните 14 дена. Помага да се информираат потенцијално инфицираните лица, за да им се дадат насоки за самоизолација, тестирање или лекување, рече Манчевски.

Тој информираше дека оваа апликација функционира на доброволна база, односно кога лице ќе добие позитивен тест на ковид -19, може доброволно да ги прати податоците преку својата апликација до министерството за здравство, преку избор на соодветната акција „Прати податоци“. За корисниците на андроид потребно е кога ќе го активираат блутутот да го активираат и ГПС.

Манчевски, додаде дека, апликацијата нема да го користите податоците за локација, бидејќи не е важно местото каде мобилните уреди се сретнале, туку нивната близина.

Важни ни се податоците од тоа дека апликациите во одредено време биле во одредена близина. Локацијата никаде не се бележе и никој не може да ја знае, вели Манчевски.

Дирекцијата за заштита на лични податоци, според Манчевски, дала дозвола и гаранција дека апликацијата нема да ги наруши личните податоци на корисниците.

За да се симне оваа апликација потребни се неколку чекори. Прво се регистрирате преку вашиот мобилен број, па потоа го внесувате кодот што ќе го добиете на смс порака и го вклучувате блутутот секогаш кога сте во движење надвор од вашиот дом. Испраќате податоци само и единствено доколку сте биле тестиран и сте позитивен на коронавирусот, вели Манчевски.

За граѓаните да бидат посигурни дека апликацијата нема да ги злоупотреби нивните податоци, една недела група на експерти ќе имаат пристап до изворниот код на апликацијата по што ќе го дадат и нивното стручно мислење до јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.