Јавната седница закажана за ден 18,19 и 20 март по предметот познат во јавноста како „27 Април“ се одложува во интерес на јавното здравје и превенција, а во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, соопшти Апелацискиот суд Скопје.

Одложувањето, како што се наведува во соопштението на Судот, е поради тоа што не е во состојба да обезбеди правилна примена на препорачаните мерки. Дополнително странките и јавноста ќе бидат известени за денот на одржување на седницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.