Денеска се одржуваше јавна седница во апелација токму по барање на Сашо Мијалков. Неговите адвокати ја обжалиле одлуката на Кривичниот суд кој одреди притвор откако претходно го осуди на три години затвор за предметот „Титаник“. Адвокатите го оспоруваа СЈО како надлежно обвинителство бидејќи сметаат дека обвинението за предметот го поднело по законскиот рок од 18 месеци. Сметаат дека во меѓувреме Врховниот суд ке ја укине пресудата токму поради надлежноста на СЈО. За нив е апсурдно што во време додека Мијалков имал мерка куќен притвор за истрагата „Империја“ истиот суд му одредил и затворски притвор. Прашаа сега која мерка е валидна.
Од друга страна обвинителката Фатиме потенцираше дека одбраната многупати го оспорува СЈО како овластен тужител но судотвите сметаат спротивно од адвокатите. Токму таа нагласи дека Мијалков има имот во Чешка, дека има пари, но и дека има реална причина да бега поради сега донесената пресуда од три години. Инаку од истиот предмет на притворот се жалел и Бедередин Ибраими кој е осуден на 4 и пол години затвор, и сите останати кои добија мерки на претпазливост. Жалба за за таква мерка не поднел само Мендух Тачи, кој е осуден на три години и два месеци затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.