Апелацискиот суд во Скопје денеска објави дека сите 16 осудени со првостепена пресуда за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните од 27 април 2017 година во Собранието се виновни, но им ги намали затворските казни за една до две години.

На Митко Чавков, кој како поранешен директор на БЈБ во тоа време, доби највисока казна од 18 години затвор, Апелација му ја намали на 16 години, Митко Пешов, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Горан Ѓошевски Леви од 15 на 13 години затвор, Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо од 15 на 14 години, Оливер Поповски од 13 на 11 години затвор, Вилијам Михајловски, од 14 на 13 години затвор, Младен Додевским Горанче Анѓеловски и Игор Југ од 12 на 11 години затвор, Оливер Радулов од 10 на 9 години затвор, Абдуљфета Алими од 7 на 6 години затвор и Александар Василевски – Нинџа од 8 на 7 години затвор.

За Игор Дурловски потврдена е ослободителната пресуда.

Во овој предмет, покрај сега правосилно осудените, беа опфатени уште 15 лица: Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиески-Бетмен и Владо Јовановски како и браќата Стефан и Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Илија Славески и Митре Питроповски, кои добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието во декември 2018.

Покрај 15 обвинети во овој предмет, амнестирани беа уште 10 други лица опфатени во помалите предмети кои се однесуваа на учество во толпа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.