Апелацискиот суд во Скопје денеска го укинал куќниот притвор за Миле Јанакиески, обвинет во неколку предмети на поранешното Специјално јавно обвинителство. Информацијата ја соопшти Кривичниот суд.

Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение со кое второстепениот суд, постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите „Т.Н.Т.“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“ и „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор. Според решението на Апелациониот суд, на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазливост, односно: забрана за напуштање на територијата на РМ и Град Скопје, обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа, пишува во соопштението од Кривичен.

Ова значи дека Јанакиески од денеска ќе се брани од слобода во судските процеси во кои е обвинет. Првпат му беше одреден притвор на 14 ноември 2018 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.