Заменикот помошник на генералниот секретар на НАТО, Џејмс Апатурај, во видео обраќање по повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор, порача дека Западниот Балкан е регион од стратешка важност за Алијансата, кон кој остануваат посветени да обезбедат сигурност, безбедност и стабилност.
Апатуај изјави дека НАТО ќе продолжи со политичкиот дијалог и практична соработка со земјите од регионот за поддршка на напорите за реформи и промоција на регионалниот мир и безбедност.
Во име на НАТО би сакал искрено да им честитам на луѓето од Македонија на прославата на овој клучен момент во вашата историја. Охридскиот рамковен договор е огромно политичко постигнување. Тоа не само што обезбеди безбедна иднина за македонската демократија, туку исто така, го изгради и патот до потесна регионална соработка и подобри односи во Западен Балкан – изјави Апатурај.
Тој посочи дека членствово на Македонија во НАТО е големо постигнување и за земјата и за Алијансата.
За НАТО – го покажува успехот на нашата полтика на отворени врати, а за Македонија покажува дека посветеноста, на крајот секогаш носи резултати – изјави Апатурај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.