Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев ги коментира гласините дека поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов ќе добие министерско место.
Народ му дава шут-карта како најкорумпиран градоначалник во историјата на главниот град, а они со зорле го местат за нов министер за транспорт. И после ти викаат: „Го слушаме гласот на народот”!?, коментира Апасиев.
Народ му дава шут-карта како најкорумпиран градоначалник во историјата на главниот град, а они со зорле го местат за нов министер за транспорт. И после ти викаат: “Го слушаме гласот на народот”!?#ОдлепениОдРеалноста
— Апасиев (@apasiev) December 20, 2021
Според досегашните неофицијални информации, Шилегов би го заменил Благој Бочварски во Министерството за транспорт и врски или Бојан Маричиќ во Министерството за правда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.