Не очајувајте, другари долг е патот на борбата! Мојот земјак, велешанецот Панко Брашнар беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна – АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор, напиша на „Фејсбук“ лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 – писар му беше Киро ГЛИГОРОВ. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе „суверена, самостојна и независна Република Македонија“. Ноќеска им го пробивме системот! Пенетриравме во законодавната власт – сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува „будалите“, стои во неговиот пост.

Апасиев дополни дека денеска ќе имаме прес, ќе ги изложат сите нивни ставови.

Главата горе . И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме! И тек сега почињаме, напиша тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.