Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев предмалку на својот фејсбук-профил обвини дека пратеник е киднапиран на денот на гласање за доверба на Влада.
Јако еј!
КИДНАПИРАЛЕ пратеник мислејќи дека така нема да паднат!?
#МафијаVsПратеници, пишува Апасиев.
Не се знае точно на кого мисли Апасиев, но на седницата присуствуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и дел од Беса, од чија пратеничка група фали пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи. Брифинзите од опозицијата се дека двата телефони на Реџепи се исклучени, а во двата стана нема никого.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.