Аналитичарот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев во својот последен пост на Фејсбук, се осврнува на суспендирањето на демократијата во земјава.
Апасиев пишува:
Последниве денови приметуем една зачудувачка раздвиженост на фејк-интелектуалната „елита“ на СДС на Нашата Земја… Преку разно-разни анонимни и полуанонимни „експерти“, се обидуваат сиот товар за уставната криза да му го префрлат на спикерот Таљат ЏАФЕРИ, алијас Командант Форина!? Демек, тоа што не го свикувал веќе распуштеното Собрание било опасност за државен удар, кој во иднина можел да го употреби Претседателот на Републиката за да ја суспендира демократијата.
Од друга страна, пак, во кулоарите се слушаат шпекулации дека командантот-спикер не го свикува парламентот не затоа што толку се грижи за Уставот, туку затоа што ги има пробиено задните намери на комуњарско-балистичката нова коалиција на СДС + БЕСА, кои му спремале внaтрешен пуч на првата седница, односно негова експресна смена од спикерското место – на сличниот принцип по кој е избран (стоечки).
Ова дава посебен предизборен шмек на сите овие настани, за кои јавноста е живо заинтересирана…
p.s. Добронамерен совет до моите „независни“ анонимни колеги, латентни симпатизери на СДС, на кои им е шубе да се потпишат под колумните: не ја барајте вината кај Таљат, туку кај Фрчко (кој напишал Устав со дупки како швајцарско сирење) и кај недокваканите уставни судии (кои му овозможија на Прецедникот нон-стоп да си ја продолжува вонредната состојба за нови и нови 30 дена)
#ЗаГреовиСтеМајкеМи
#АпологетиНаСтупидноста- напиша Апасиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.