Ау, ау, ау…
Во врска со вчерашните недолични нервни испади на главниот и одговорен уредник на ТВ Телма, Атанас Кировски, насочени кон обзнана на цензурата на Левица / E majta / Levica на „неговата“ национална телевизија, утрово добив инсајдерски информации кои покажуваат од каде, всушност, води потекло целата негова фрустрација.

Имено, телевизија Телма имала НАЈМАЛ РЕЈТИНГ од сите постоечки комерцијални телевизии кај нас – од едвај 2%! Во превод, тоа значи, дека оваа некогаш угледна телевизија, под водството на „главниот“ Атанас Кировски, успеала да стане помалце гледана од една кабелска ТВ станица. Ова е прв случај у свет национална терестријална ТВ да е помалце гледана од кабелска, која не зрачи терестријално!!!

Тоа се тие умислени фаци кои мислат дека вредат, а уствари се престорија во провладини куртон-испостави 😉

#СвакаЧастМајсторе
#БидиТакаУредниче – напиша на својот Фејсбук профил, Димитар Апасиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.