Лустрираниот Фрчко Потрчко, доживотниот советник на сите претседатели, креаторот на трибалистичкиот Рамковен договор, министерот од СДС кој му нудеше грчки пари у куферче на Глигоров за да го смени името и кој колосално изгуби на избори од еден Џоле Иванов – е овој професор (кој, пред пензија, пребега од УКИМ на ФОН), ми посветил цела колумна на провладиното порталче Либертас. Во неа, меѓудругото, ме руга дека сум го употребил зборот ПАНДЕМСКА ЕПИДЕМИЈА!?, пишува професорот.
Абе, цреп, пред да пишеш нешто – прво провери! Не се бламирај у етер со твојата раскошна напуваност. Цела кариера ја помина така у импровизација. Оваа фраза не е моја, туку на Пендаровски. Ја само ја цитирам од Одлуката која ја побивам пред Уставен
p.s. И пошто немаш полагано Римско право и, оттука, појма немаш од јуриспруденција и си бос за латинска правна терминологија – еве уште нешто у фуснота. Не се пишуе jus cogens, туку ius cogens. Римјаните немале буква „ј“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.