Во своето гостување во емисијата 24 Анализа, Стевче Андовски, член на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека актуелното покачување на цената на струјата кое ќе удри по џебот на сите граѓани е резултат на недомаќинското работење на актуелната власт. Во дебата со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски тој ги посочи тендерите во 4 очи како еден од главните проблеми и причини за пораст на цената на струјата.
Покрај проблемот со недомаќинско работење во институциите, Андовски како една од причините за пораст на цената на струјата гледа и во не инвестирањето во областа на енергетиката, односно потфрлањето со капиталните инвестиции. Тој напомена дека во перидот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ над 300 милиони евра биле инвестирани само во областа на енергетиката, проекти кои и до ден денес се профитабилни и се експлатираат во корист на сите граѓани на Република Македонија.
Господинот Ковачевски спомена дека во претходниот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ немаме инвестиции во енергетиката. Во периодот за кој говори Ковачевски се инвестирани 300 милиони евра, во хидроцентралата Св. Петка, 55 милиони евра се инвестирани во ветерниот парк Богданци. Пред некој ден имавме извештај од АД ЕСМ дека за 35 проценти е надминато производството за тековната година. Значи станува збор за прекрасна, рентабилна инвестиција со 55 милиони евра, завршена во времето на ВМРО-ДПМНЕ која што обезбедува електрична енергија и повеќе од планираното затоа што теренот дозволува да имаме такви поволни услови – истакна Андовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.