Државната комисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите, како дел од мерките за справување со кризата од коронавирусот.
ДКСК денеска одлучуваше по приговорот поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, во кој се наведува дека е прекршен Изборниот законик со исплата на пари во време на изборна кампања.
Исплатата на одобрените средства е на 1 јули и е во период на изборна кампања и претставува повреда на член 8 а став 1 алинеја два од Изборниот законик и член 43 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Поради тоа согласно нашите мерки се предлага да се покрене постапка пред надлежни органи за одговорното лице при Генералниот секретаријат, оценија од ДКСК.
Од Генералниот секретаријат на Владата пред антикорупционерите појаснија дека исплатата извршена на 1 јули е врз одлука донесена на 13 јуни, поради што сметаат дека се работи за извршување на веќе донесена одлука.
Од ДКСК посочија дека одлуката можела да биде донесена претходно, но исплатата требало да почека, да се одложи и да се оствари по завршување на изборите.
На сметка на здруженијата и фондациите кои ги исполниле условите за да добијат се исплатени легнале околу 30 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.