Информацијата за склучениот договор на градоначалникот Петре Шилегов со приватна фирма за чистење на снегот од скопските улици во понеделник ќе биде поднесена на колегиум и тогаш ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет за случајот, вели за Лидер.мк претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска.
Лидер.мк вчера објави дека договорот, што Шилегов го склучил со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување возила за чистење снег на улици во Скопје, во периодот од 15 ноември до 15 март за оваа и наредната зима, тежи 64.900.000 денари.
Но, индикативно е што во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, а се над тоа ќе се плаќа дополнително, што значи дека сумата вртоглаво ќе расте. Зашто, излегува дека „Аполо Инѓенеринг“ дневно ќе треба да работи само 1,33 часа!
Само за првите два месеца, од 15 ноември 2019 до 15 јануари 2020 година, скопскиот градоначалник на фирмата добитник на тендерот исплаќа околу 263.000 евра или околу 16.225.000 денари, а за истиот овој период фирмата има реални трошоци од нула денари.
Снег годинава не видовме. Според временските прогнози, снег нема да има и до крајот на оваа зима (15 март согласно договорот на Шилегов), што ќе значи дека фирмата добитник на тендерот ќе добие на сметка над 500.000 евра за ништо, за скоро нула денари трошок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.