Антокорупциска го казни поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев со 150 евра.

И покрај тврдењата на Ден Дончев во март минатата година дека 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба.

Ги испитувавме ние и другите приливи, но тие податоци мислам дека треба и другите институции да ги проверат, бидејќи ние не можеме од Австралија да ги провериме сите тие трансакции. Затоа предлагам предметот да го затвориме и порекршочна санција да му се изрече на Дончев за неподнесување на финансиска состојба, изјави за Сител, членот на ДКСК Горан Трпеноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.