Антикорупциска оцени дека нема ништо спорно во рекламирањето на независниот кандидат за градоналачник на град Скопје, Даниела Арсовска, иако таа ги користи средствата од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Левица бараше одговорност од Арсовска, поради сомнеж дека незаконски се финансира нејзината кампања со средства доделени од ДИК на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ги користи своите средства кои и се доделени од ДИК како независен кандидат, но Антикорупциска ги отфрли овие наводи. Оттаму посочија дека тоа и дава фаворизирачки пристап на Арсовска, но не е незаконски согласно правилниците и законите.
До Антикорупциска е поднесен уште еден приговор за изборни нерегуларности од страна на коалицијата „најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ, а се однесува за независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Според овој приговор, се обвинува дека на Димитриевски му било дозволено да користи повеќе рекламни паноа и билборди од со закон предвидените 10 отсто, но од Антикорупциска и ова тврдење го оценија како неосновано.
Членовите на Антикорупциска изразија благодарност за доставените приговори, истакнувајќи дека на тој начин се вршат дополнителни проверки со кои се намалуваат шансите за ризици од корупција и прекршувања на правниот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.