Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска порача дека не може со Деловникот за работа на Уставниот суд, судиите да си го зголемат надоместокот на плата, по информацијата дека тие на 22 октомври сами си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата, без тоа да помине во Собранието.

Она што можам да кажам, факт е дека треба закон за работење на Уставниот суд. Факт е дека тие работат по Деловник од 91 година, кој е застарен. Уставниот суд неодамна го променил Деловникот, земал одредба од законите кои ги третираат тие права, но факт е и дека во Уствот стои дека со Деловниокт се уредува начинот на постапување со нивните предсмети, а не правата за нивен посебен додаток. Не може нешто да се уредува со Деловник ако тоа што треба да се уреди треба да биде со закон – рече Ивановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.