Државната комисија за спречување на корупцијата денеска во своите простории ќе ја одржи деветтата седница, на која на дневен ред се повеќе приговори за прекршување на Изборниот законик и Законот за корупција и судир на интереси, од распишувањето на претседатеските избори.
Како што се наведува во воопштението, сите приговри се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на активности на Платежната агенција, како и против градоначалниците на општините Гази Баба и Штип, на Општината Штип, и вд градоначалникот на Ново Село, Струмичко./МИA
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.