Државната комисија за спречување на корупција тврди дека новоизбраната претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, во нејзиниот доставен анкетен лист не го пријавила матичниот број на нејзиниот сопруг.
Сопругот на новоизбраната претседателка на Судски совет зел кредит од 1,6 милиони евра од сега веќе пропаднатата Еуростандард банка и не го вратил, а нивната ќерка била вработена во банката,претходно обвинија од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.
Претседателката треба да каќе кои се членови на нејзиното семејство. Таа во анкетниот лист нема матичен број од нејзиниот сопруг ,а потоа тој матичен број мора да се потврди од МВР па понатаму да тече целата постапка. Судијката тоа треба да ни го каже, за понатаму ние да можеме да ја обезбедиме целокупната документација и да обезбедиме какви било заклучоци. Затоа мораме сите чекори да ги одиме по ред – рече денеска Билјана Ивановска, претседателката на комисијата, одговарајќи на новинарско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.