Државната комисија за спречување на корупција  (ДКСК) на денешниот колегиум одлучила да пристапи кон собирање доволно информации во врска со наводите што се појавија во медиумите, а се однесуваат за набавка на вакцините од кинескиот производител Синофарм.

– Потоа во зависност од прибраните податоци ќе одлучи дали постојат доволно елементи за отворање предмет во надлежност на ДКСК, изјави за МИА претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Според неа, како што изјави за РСЕ, во оваа ситуација треба да се вклучат и другите органи како Јавното обвинителство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.