Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, ДКСК до Јавното обвинителство доставува иницијатива за поведување постапка за кривично гонење службени лица кои со своето постапување, односно непостапување придонеле во 2012 година да се донесе ДУП неусогласен со Генералниот урбанистички план и да се резлизира имотна корист кај сегашните сопственици на парцелата која е дел од од ДУП-от,“ изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.
Основата за оваа иницијатива за кривично гонење е битката кои дел од граѓаните ја водат со локалните и државните моќници години наназад, истакна Ивановска, и додаде дека на истиот начин се донесени и бројни планови во Општина Центар . Таа најави дека ДКСК понатаму ќе истражува и за останатите планови кои на многу сличен начин биле донесени во тој период односно не биле усогласени со Генералниот план од 2002 година, ниту со тој од 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.