Антикорупциска отвараат истрага за набавката на софтверот која била направена во четири очи, потврдуваат од комисијата во изјава за тв24.

ДИК два пати склучила договор со компанијата „Дуна“ за набавка на софтверот за изборите. Првиот пат договорот бил поништен од државаната Комисија за жалби по јавни набавки, откако реагирала компанијата „Ај воут“ поради пропусти во тендерот.

Вторпат договорот со „Дуна“ бил потпишан во четири очи, само неколку дена пред изборите. Бирото за јавни набавки му укажало на претседателот на ДИК Оливер Деркоски дека не се исполнети условите за ваква набавка. Но, тој не ги послушал и ставил потпис на договорот.

Во меѓувреме трет ден не може да проработи платформата на ДИК. Падна во средата веднаш по затворањето на избирачките места во 21 часот и оттогаш повремено проработува, но брзо го снемува.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР денеска влезе во ДИК за да истражи што се случува со, како што го нарекоа од Комисија, хакерскиот напад врз нивата веб платформа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.