Бројот на граѓани кои го поддржувале СДСМ пред две години е намален за 20% денеска, покажа анкетата во пресрет на претстојните парламентарни избори на ИРИ, според која од 21 % од гласачите кои би гласале за СДСМ во 2018 година, бројката денес е намалена на 17%. Што во апсолутен износ на бројки е пад за 20%.
Од анкетата на ИРИ забележуваме и дека мнозинство од испитаниците сметаат дека Зоран Заев не заслужува нов мандат. Цели 54 проценти од анкетираните одговориле така, додека 31 процент сметаат дека тој добро си ја вршел работата и заслужува уште четири години да ја води владата.
Дополнително истражувањето на ИРИ покажува и дека сериозно се зголемил процентот на испитаниците кои сметаат дека државата оди во погрешна насока, ако пред две години така мислеле 30% од анкетираните, денес дури 43% сметаат дека тоа е така.
Показателите на анкетата покажуваат дека ставот на граѓаните во однос на власта и водењето на државата од страна на Зоран Заев е во слободен пад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.