Безмалку половина од македонските граѓани не очекуваат да добиеме датум за старт на преговорите идната недела. Според анкетата која за потребите на Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје, 47,7 отсто од анкетираните граѓани не очекуваат датум за преговори овој октомври. Оптимисти се 34,8 отсто, кои сметаат дека идната недела, Брисел ќе и даде зелено светло на земјава, додека 17,5 осто немаат одговор.
Една четвртина од граѓаните или 24,6 отсто велат дека ако не добиеме датум за старт на преговорите овој октомври тогаш тоа нема да се случи никогаш. 22,3 отсто старт на преговорите очекуваат во следните пет години, 16,9 отсто мислат дека тоа ќе се случи до крајот на идната година додека 16,7 отсто велат дека датумот за преговори ќе дојде следната пролет.
Власта, односно најголемата владејачката партија според граѓаните ја носи целата одговорност за овој процес. 34,7 отсто сметаат дека за евентуален неуспех во Брисел виновна ќе биде Владата, додека 19,7 отсто одговорноста ја лоцираат кај опозицијата. 8,2 отсто при евентуален неуспех виновник гледаат во одредени земји членки, додека околу пет отсто се изјасниле дека вината ја гледаат на друго место
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.