Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, се повлекува од функцијата на 3 јануари кога ќе се формира техничката влада за предвремените парламентарни избори. Тој на денешната прес конференција изјави дека во текот на својот мандат со знаењето и исуството како стопанственик придонел во економијата на државата и ги поттикнува тоа да го направат и останатите бизнисмени.
Јас на некој начин употребив две и пол години од својот живот и придонесов со сето мое знаење што го имам, и практично, и теоретско, во економијата или во економските политики на државата и мислам дека е тоа доволно за секој што е од стопанството. Бидејќи ако продолжи подолго тоа да го прави, во тој случај ќе им наштети на компаниите од коишто дошол зашто таму, се разбира, вие оставате еден систем којшто исто така бара нега и одржување. Од таа причина, јас ги поттикнувам сите останати стопанственици да дадат ист таков придонес во иднина и секој од нас ако вгради мало камче од своето знаење во системот на економијата, тоа ќе биде добро, рече Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања по објавата на нови инвестиции од американската компанија од автомобилската индустрија, рече Анѓушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.