Изборите течат мирно без нарушување на јавниот ред и мир и ги повикувам граѓаните и учесниците во овие избори така да продолжиме и во текот на целиот ден и да имаме повторно мирни, фер и демократски избори како што имаме во изминатите години.

Ова денеска во вестите на Сител го истакна портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски. Рече дека досега пријавени се само два инциденти во Кичево.

-Имаме гласач во Кичево којшто изјавил дека згрешил при заокружувањето и потоа го скинал гласачкото ливче, а исто така имаме и еден случај во Кичево каде што гласач го фотографирал своето ливче. Така што за овие настани се преземаат соодветни мерки и ќе си има соодветни пријави, рече Ангеловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.