Стојанче Ангелов, кој од неодамна е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи, на фејсбук порача дека добродојдени се сите конструктивни идеи за подобро справување со корона кризата.
Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19. Заради поуспешна работа на Главниот Штаб, покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, добредојдени се и сите ваши конструктивни идеи, забелешки, совети и критики кои може да ги напишете на ФБ страната на Центарот за управување со кризи, напиша Ангелов.
Главниот штаб со кој раководи Стојанче Ангелов попладнево ќе одржи прва седница за справување со Ковид-19.
Почитувани ФБ пријатели!
Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава.
Од синоќа раководам со…Posted by Стојанче Ангелов on Saturday, 21 November 2020
Оваа одлука на Зоран Заев каде што го назначи Стојанче Ангелов за справување со кризата во државата, кој се уште не седнал на претседателската функција бара помош и идеи од граѓаните наиде на остра критика од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
Ако излезот на земјата од Ковид кризата е Стојанче „керамида” и хоророт наречен Венко Филипче за кој што за жал над илјада и петстотини луѓе починаа последниве неколку месеци тоа е верувајте уште сега кажуваме сигурен рецепт за неуспех на Република Македонија. И од друга страна гледам денеска Стојанче Ангелов побарал совети за решение на Ковид кризата на социјалните мрежи, конкретно на Фејсбук бара совети и сугестии од граѓаните, еве јавно ќе му дадам една сугестија и еден совет на Ангелов како еден елемент со кој веднаш би почнала разврска и решавање на кризата, тоа е уште денеска да си дадат оставки и тој самиот и Венко Филипче, како и Зоран Заев и да се формира Влада за национален спас. Така да, ова е најдобриот совет што може да го чуе денеска и доколку му е дојдено до граѓаните и државата уште денеска може да го спроведе. Така да, да не си играат држава, туку да си дадат оставки, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.