Македонија од идната година се вклучува во системот Е – 112, што предвидува преку единствена бесплатна телефонска линија граѓаните да можат да упатат итни повици за помош во случај на нужност, а од Центарот за управување со кризи во најкраток можен рок од едно место да се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита.
Станува збор за европски проект кој треба да го имплементира секоја земја аспирант и членка на Европската Унија.
Се работи за оперативен систем во кој операторите мора веднаш да реагираат, се работи за секунди од примање на повиците до испраќање на екипи за интервенција – во интервју за „Утрински брифинг“, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Во однос на кадарот кој ќе работи во службата 112, Ангелов нагласува дека се бара одредена стручност и подготвеност на операторите за да можат да одговорат на предизвиците на оваа работа.
Ќе се полагаат тестови за интелигенција, психолошки тестови, пожелно е познавање на англиски јазик како и некој друг странски јазик. Се работи за луѓе кои ќе знаат да работат во услови на стрес – нагласува Ангелов, објаснувајќи ја тежината на работата и одговорноста која ќе ја имаат овие вработени.
Целиот разговор на „Слободен печат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.