Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов негира било каква одговорнсот за ситуацијата во Кочани. Иако градоначалникот на градот кој се соочуваше со катастрофален пожар изјави дека барал помош од ЦУК, но не ја добрил, Ангелов наместо да се извини бара награда.

-Вчера се појавија дезинформации дека вчерашниот пожар во Кочани траел 5-6 денови и не бил изгасен. Тоа е ноторна лага. Вчерашниот пожар беше сосема нов, на нова локација и се случил најверојатно поради спојување на жици од бандери или далноводи, но тоа МВР треба да ја спроведе истрагата и да соопшти. Сметам дека треба да бидам награден зошто го спасив Кочани, објасни Ангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.