Осврнувајќи се на шумските пожари што ја зафатија земјата летово, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, оценува дека службите добро се снашле со пожарите што летово ја зафатија Македонија, со оглед на околностите.

Во гостување во „Утрински брифинг“, Ангелов изјави дека имало вкупно 116 пожари од кои една третина гореа истовремено.

Во зависност од обемот на елементарната непогода, јас би рекол дека ниту една држава не може сама да се справи. Многу помоќни држави бараа меѓународна помош. Ние имаме скромни капацитети, но доволни за справување со одредени кризни состојби, но понекогаш е потребна и меѓународна помош – изјави Ангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.