Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, на својот „Фејсбук“ напиша дека ситуацијата во с. Мачево ескалира, и дека пожарот се заканува за неколку куќи.

Тој напоменува дека три хеликоптери се упатени во тој регион.

„Три хеликоптери (еден наш и два српски) се упатени кон беровското с. Мачево каде ситуацијата ескалира и се појавува опасност за неколку куќи. Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (пехчевско / делчевско / беровско) се додека има доволно дневна светлина.“, напиша Ангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.