Напредокот е најдобар заштитник на принципите, тоа е и главната цел заради која работиме. Да градиш, тоа е тежок и спор процес, тоа е и должност која бара посветеност и одговорност. Меѓутоа во Чешиново-Облешево имаме сосема поинаква ситуација. Секојдневно иселување на младите, а основните егзистенцијални проблеми на граѓаните како водоснабдување и одвод на води, пристап до патна инфраструктура останаа нерешени.

Ова на денешната прес-конференција го сподели кандидатот за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов од ВМРО-ДПМНЕ.

Во 21 век со СДСМ и со Горанчо Крстев – Грга, Чешиново – Облешево изглед како во среден век, со бунари и јами, со основен проблем за чиста вода за пиење и канализација. Срамно и недостоинствено. Горанчо Крстев – Грга им вети, тој им ветуваше чиста вода за пиење, ветуваше водовод во сите места, и еве по четири години се уште вода се пие од бунари, вода со сомнителен здравствен квалитет. Чифлик, Спанчево, Соколарци имаат ама како да немаат канализација. Грга не им ја пушти во употреба. И по четири години нема пречистителна станица. А, замислите и тој е од Спанчево, барем за своите соседи да направеше нешто во овие четири години. Ако нема ниту вода, ниту канализација со што ја задолжи општината со околу пола милион евра? Пола милион евра, а нема ниту вода, ниту канализација, а за друго да не зборуваме, вели Ангелов.

Додава дека ова е исклучително богат крај, општина со многу можности, општина со топлотни извори, широки полиња, крај со можност за брз и висок развој.

Тоа со Грга и СДСМ видовме дека е невозможно. Единствено ги интересира општинската каса, за вработување на своите блиски и партиската војска. Ама и тоа го плаќате од ваш џеб. Ова е приоритет и прва работа што јас Далибор Ангелов ќе ја направам веднаш и без одлагање, доколку ја добијам вашата доверба се обврзувам дека ќе сторам се за да приклучам водовод и канализација, дека сите вие граѓани нема да имате повеќе чувство на срам пред вашите роднини и пријатели од Македонија и пошироко заради условите во кои што СДСМ и Горанчо Крстев – Грга ве оставија. И нема да застанам тука, заедно со вас ќе работам и ќе ги реализирам проектите и ќе работам на решавање на проблемите на сите граѓани. Време е општината да биде во сервис на граѓаните. А, не како досега да служи само за делење плати за неработење со пари од вашиот данок. Време е за работа, време е општина Чешиново – Облешево да биде вистинско посакувано место за живеење. Време е повторно да се гордеете со вашата општина. Време е за Македонија за сите луѓе, порача Ангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.