На локалните избори опозицијата убедливо победи, долог време се подготвуваа и добро ги изменаџираа политичките процеси. Арсовска победи во тешка битка со црна кампања овие резултат не се само изненадување на власта туку и на опозицијата, кажа Стојанче Ангелов кoj раководи со Центарот за управување со кризи во емисијата „Само Вистина“.

Во врска со меѓуетничките односи во земјава и „Едно општество за сите“ , Ангелов вели дека на почетокот за него тој процес бил неприфатлив.

Јас сфатив дека тоа општество е иднината на државата и чекорење кон демократијата. Мене на почетокот ми беше тешко да го прифатам тоа, јас отидов да пијам кафе со командант на УЧК, положив цвеќе на гроб на жени и деца кои загинале во војната како колатерална штета, покажав доблест, а во јавноста бев черечен поради таа постапка, ние не треба да го заборавиме тоа што се случуваше, мораме да живееме заедно, кажа Ангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.