На утринската седница на групата за процена составена од директорите на разузнавачките, контраразузнавачките служби, директорот на Бирото за јавна безбедност, како и директорите и замениците директори на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) едногласно се одлучило дека нема потреба од прогласување кризна состојба во државата поради пожарите.
По опсежна расправа по разгледување на актуелната состојба со пожарите, едногласно одлучивме дека нема потреба од прогласување кризна состојба, но ќе бидеме во постојано заседание и доколку работата тргне на полошо набрзина ќе одржиме седница на која ќе побараме да биде прогласена кризна состојба на дел од територијата на државата, онаму каде што е зафатена со пожар, информира на денешната прес-конференција в.д. директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Оваа одлука ја донеле поради неколку причини – прво бидејќи претседателот Стево Пендарвски во текот на вчерашниот ден даде наредба за уптреба на Армијата и тоа на копнените сили не само на воздухопловниот ВИНГ, така што благодарение на одредени законски и подзаконски акти и во овој момент можеме да ги користиме сите расположливи ресурси на Армијата. Воедно, додаде Ангелов, и каналите за добивање меѓународна помош се отворени и добро функционираат и без прогласена кризна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.