Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, за Општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов, на денешниот митинг истакна дека изминатите четири години се случи стагнација на општината, а се што добија граѓаните беше само неисполнети ветувања, токму затоа потенцираше дека граѓаните заслужуваат локална власт која ќе одговори на нивните потреби, ќе донесе развој и подобра иднина за сите.
– Одлуката која ќе ја донесете ќе се одрази на иднината на сите граѓани на општината и долгорочно ќе ја одреди насоката во која општината ќе се развива, рече Ангелов.
Тој истакна дека во неговата програма има проекти позади кои стои и кои навистина ќе ги реализира и се темели само на она што е реално и остварливо а тоа е:
Ќе направиме пристап до инфраструктура за секој граѓанин, чиста и здрава животна средина, квалитетно образование за нашата младина, развој на земјоделието, поддршка на земјоделците, развој на претприемништво, развој на алтернативен и бањски туризам, урбанизација на сите населени места и многу други проекти кои се од приоритетно значење за сите граѓани, изјави Ангелов.
Тој нагласи жителите на Чешиново-Облешево можат да бидат сигурни дека се што ветува ќе оствари и дека уште како член на Советот се соочил со нивните проблеми и потреби, токму затоа како градоначалник ќе има можност да делува и истите да ги реши.
– Ќе ги вклучам сите граѓани по принципот на неселективност, без привилегираност со иста мерка да го решиме секој предизвик бидејќи сум убеден дека тој е вистинскиот и единствениот начин да создадеме нова иднина. Општината е Ваша, Ваш е и изборот. Иднината на општината е во наши раце затоа заеднички Да создадеме нова иднина подобра и посреќна за сите нас, потенцираше Далибор Ангелов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.