Јас не се плашам од смртта, а не од разрешување од Влада, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во интервју за ТВ Сител.

Тој вели дека Владата одлучува, а нему му е сеедно.

– Ќе ја прифатам секоја одлука. Јас не се плашам од смртта, а не од разрешување“, изјави за Сител Ангелов.

Тој смета дека пожарот во Кочани е успешно изменаџиран. Вели дека неговата работа е неблагодарна и укажа на тоа дека кога генерали водат војна и гинат илјадници луѓе, потоа добиваат медали или орден. Ангелов деновиве кажа дека ако се утврди негова одговорност, ќе се повлече и ќе замине од државата. Сепак нагласи дека смета дека треба да биде награден. Денеска на владина седница од в.д. директор тој беше назначен за директор на ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.