Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска се заблагодари на целата помош од соседните земји при гасењето на пожарите во Македонија.
Според него, во повеќе делови пожарите се ставени под контрола, но во Буданирци состојбата сè уште е сериозна.
Пожарот во пехчевскиот и беровскиот регион не е закана за куќите. Српските хеликоптери си заминаа и сега ќе дејствуваат во Атина, каде состојбата е мошне ризична. Останатите ресурси се доволни и имаме доволно пожарникари на терен. Застарените цистерни помогнаа во овој период. Иако делуваат така, но тие имаат доволна количина на вода за да се изгаснат пожарите, рече Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.