Најлоша е ситуацијата во Старо Нагоричане, во некои села каде што вчера раководителот на секторот за операции и координации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше во акција на евакуација на граѓани кои беа загрозени и таму од пожарот беа зафатени неколку куќи, но беа спасени човечки животи, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Во Кочани, како што посочи, нема опасност по градот, но пожарот се уште не е изгаснат.
Цело утро, двата хеликоптери гаснеа, се уште еден крак е активен и тоа до вечер може повторно да стане катастрофа, да отиде во сите можни насоки, бидејќи ако во Скопје дува ветер, во Источна Македонија дува малку повеќе, рече Ангелов.
Додаде дека доколку забележат дека огнот оди во насока на населено место веднаш пристапуваат кон евакуација на луѓето.
Имаме многу законски недоречености, законски и подзаконски несовршености, целото тоа го игнорираме, креираме на лице место, даваме се од себе, ги премостуваме сите проблеми кои ќе се појават со оној капацитет што го имаме, а факт е дека е скромен, рече Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.