Од денес Република Македонија во наредните 6 месеци ќе биде во енергетска кризна состојба заради недостаток на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, истакнува Силвана Ангелевска, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
На вчерашната собраниска седница парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ не ги прифати двете барања на ВМРО-ДПМНЕ:
-Да се обезбедат 250 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија на граѓаните и компаниите за да се спречи дополнителен ценовен шок и инфлација и да се обезбедат пари за сите општини кои од почетокот до па се до крајот на енергетската криза се соочиле со раскинување на договорите од страна на снабдувачите односно да се покрие разликата меѓу првично склучениот договор и моменталната цена на електричната енергија.
-Од 9 ноември имавме енергетска кризна состојба во траење до 30 дена, но само едно нешто е различно во периодот пред и по прогласувањето на кризната состојба. Тоа е посиромашен народ за 4 милијарди денари кои поради кризната состојба ќе се испумпаат од буџетот и ќе се префрлат на сметките на АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО за да можат и во иднина неуспешно да работат на сметка на македонските граѓани.
„Со 4 милијарди денари можеше да се изгради нов блок во РЕК Битола или пак да се изгради било каков ененргетски објект кој во моментов добро ќе ни дојдеше. За жал Владата предводена од СДСМ одбра да го реши проблемот со недостаток на струја од домашно производство на наједноставен начин за нив, преку испумпување пари од буџетот. Имено, тое е најдоброто што знаат да го прават, да го ограбуваат напатениот македонски народ. Сакаме да ги потсетиме граѓаните за партиските вработувања во МЕПСО и кожните фотељи кои ги плаќаме ние граѓаните. Камионите во РЕК Битола на фирми блиски дo власта кои овие 5 години вртат низ комбинатот повторно ги плаќаме ние граѓаните на Македонија. Прекумерното вработување на партиски нестручни војници во РЕК Битола кои не знаат ништо од енергетика, управување и одржување на електроенергетските постројки поради кои бевме сведоци на дефекти во блоковите од огромни размери, исто така е на грбот на сите оние кои го полнат буџетот на државата“ – истакна таа.
Ангелевска потенцира дека и покрај помошта од државата, состојбата во АД ЕЛЕМ е се уште драматична поради три причини:
Празни акумулации на хидроцентралите,
Честите дефекти на постројките поради што имаме се помало домашно производство на електрична енергија,
Ископ на јаловина и откривка за ископ на јаглен нема.
„Владата за овие 30 дена кризна состојба наместо да ја ублажи ситуацијата, дополнително ја влоши.
Македонија е клекната на колена без доволно сопствено производство на електрична енергија, не очекува колапс, сиромаштија, прекини во снабдувањето со електрична енергија. Преносниот систем оператор (МЕПСО) е пред банкрот со превземање на туѓа енергија од европската мрежа за што ќе треба да се платат 15 милиони евра. Ваков срам за македонската енергетика немало од осамостојувањето до денес.
За разлика од СДСМ во времето на ВМРО-ДПМНЕ се пуштија со работа неколку нови производни постројки како што се ветерниот парк во Богданци од 35 MW и хидроцентралата Св. Петка. Потоа сите постоечки хидроцентрали беа ревитализирани, што значи станаа како нови постројки.
Во ваква катастрофална ситуација со производствените капацитети, СДСМ на чело со Зоран Заев и неговиот послушник Васко Ковачевски велат дека нема место за загриженост. Се било под контрола. Можеби мислат дека е работата во ред затоа што го исполнија планот за уништување на енергетиката во Македонија.
Дефинитивно можеме да заклучиме дека со секој изминат дека на власт на СДСМ се оставаат страшни последици од нивното владеење во Република Македонија“ – заклучи пратеничката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.