Копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, го коментираше 15. состанок на Комисијата, кој вчера и денеска се одржа онлајн.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Димитров на новинарите на брифингот во бугарското Министерство за надворешни работи им изјавил дека станува се потешко да ги информира за работата на заедничката Комисија.

До вчера напладне работите одеа добро во разговорите на заедничката историска Комисија, но, нешто се смени во последен момент – наведува Ангел Димитров.

Според него, неговите колеги од Македонија не дозволиле идеја за постоење заедничка историја. Тој даде пример дека, како што рече, тие не сакаат заеднички да ги слават заедничките личности и дека не се воделе од нивните биографии“. Како пример ги наведе браќата Миладинови кои имаат годишнина во 2022 година. Според него, имало сличен пример со Гоце Делчев, кој исто така има јубилејна годишнина во 2022 година. Димитров додаде дека ќе биде тешко да се излезе од периодот на 10 и 11 век, за кој разговараат историчарите.

Димитров вели дека „постои политички притисок врз неговите колеги од македонскиот дел од Комисијата, потсетувајќи дека претстои втор круг од локалните избори во земјата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.