Високи функционери на СДСМ од времето кога претседател беше Бранко Црвенковски, но се пасивизираа откако партиски лидер стана Зоран Заев, повторно ќе заземат високи позиции во новото партиско раководство предводено од Димитар Ковечевски.
Повикувајќи се на високи партиски извори, Фокус објави дека поранешениот генерален секретар на СДСМ Андреј Петров треба да биде член на Извршниот одбор во СДСМ. Претходно објавивме дека некогашниот потретседател Игор Ивановски најверојатно ќе го предводи новиот Совет за креирање и имплементација на политики.
Како што нобјави Фокус, во ИО на социјалдемократите треба да влезе и Леонид Наков, професор на скопскиот Економски факултет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.